Вести Култура

Не стивнуваат реакциите по објавените резултати од конкурсот за проекти од национален интерес од министерството за култура

Борба со ветерници  е чувството кое го имате при секое конкурирање и чекање на резултатите од Министерството за култура, вели писателката Билјана Црвенковска, која е воедно автор на повеќе книги за деца меѓу кои „Светот на Биби“, „Што сонуваше Дедо Мраз“ и многу други.

Во голем број случаи доделените средства за проектите не се доволни за да се реализира истиот. Со економската криза драстично се зголемија и цените на хартијата и печатењето.

„Кај литературата за деца е уште поголем проблем, затоа што таму ние имаме автор на делото, имаме илустратор кој што е најмен. Да речеме ние со авторот го избираме илустраторот и го повикуваме да ја сработи работата, значи тој мора да е платен соодветно за таа работа. И да не зборуваме колку чини печатењето на детските книги. Тоа е некогаш три пати повеќе од една обична книга, ако е таа книга роман, а ако е таа книга поезија може и четири пати повеќе да чини“ – вели Црвенковска.

Има повеќе аспекти кои нашите институции не ги разбираат во врска со издавачкиот сектор, а многу добро ги разбираат европските фондови, странските фондови, министерствата и агенциите во регионот, додава Црвенковска.

Во континуитет тензија без взаемна доверба е секоја комуникација со надлежното министерство, велат од  Македонскиот центар при Интернационалниот театарски институт при УНЕСКО,  чиј меѓународен проект „Зелена драматургија, Древни реплики“  со италијански и германски уметници е одбиен на годинашниот конкурс во рамките на интердисциплинарните проекти.

„Мене ми е прилично фрустрирачки, кај нас не постои професионална објективност. Една година ве поддржуваат следната не ве поддржуваат, а кога ќе ве поддржат тоа е толку смешна минимална сума и потребни се чуда за да го реализирате целиот замислен проект. Ние сме меѓународно признаени и навистина не ми е јасно што треба човек да направи дали треба да отиде во вселената за да ги исполни невозможните услови за континуирана поддршка на  тоа што го работиме“ – тврди раководителката Иванка Апостолова од македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА.

Струшките вечери на поезијата како еден од најреномираните светски поетски фестивали  без сомнение дека заслужува поголема поддршка, вели Тасевски, сепак свесни сме дека се наоѓаме во една глобална и енергетска криза.

„Годинава добивме седум милиона и шесто илјади денари кои споредено со ланскиот ревидиран буџет сметаме дека со овие средства ќе обезбедиме достојно издание. И очекуваме кога ќе се надмине оваа криза буџетот да биде поголем“ – вели директорот на струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски.

Секој апликант кој има забелешки на резултатите, против решението може да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, стои во дописот на Министерството за култура.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Дејан Дејан

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Гласачките места отворени на време, доцнеше почетокот на избирачко едно место во Тетово поради проблеми со апаратот за идентификација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе