Вести Македонија Топ вести

Пропусти при издавање на лекови, при исплата на породилно отсуство, кусок на вработени, нефункционелен ИТ систем – дел од забелешките на ревизорите за работата на ФЗО

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2021 година.

  • Изразивме мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година. Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за усогласеноста со законите и прописите за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките, дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година презентирано како прилог кон овој Извештај, при што е констатирано дека три препораки се во тек на спроведување, три се делумно спроведени и девет препораки не се спроведени, соопштуваат од Државниот завод за ревизија.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2021 година е констатирано:

– поради непополнетост на раководни работни места и систематизирани работни места постои ризик од несоодветно разграничување на одговорностите и нецелосно реализирање на активностите во секторите;

– контролните активности при остварување на правата од здравствено осигурување, не се соодветно воспоставени или спроведени поради што не е обезбедено целосно потврдување на фактурите за извршени здравствени услуги;

– системските и мануелните контроли во процесот на препишување и издавање на лекови не се соодветно спроведени, поради што постои ризик од плаќање на истите во вид и обем различен од реалниот;

– во функционирањето на ИТ системот на Фондот постојат слабости поради застарена и амортизирана серверска структура, недостиг на ИТ кадар и отсуство на ИТ стратегија;

– во делот на вршењето на контролите во ЈЗУ и ПЗУ и изрекувањето на договорните казни утврдивме непочитување на роковите за постапување при одлучување по доставените записници/извештаи од спроведени контроли каде се констатирани неправилности;

– при одобрување и реализација на условниот надоместок во ЈЗУ кој се користи за набавка на лекови кои не се на листата на лекови утврдена од страна на Фондот утврдени се недоследности во контролите кои треба да ги спроведува Фондот што може да влијае на остварување на целта на условниот надоместок;

– при исплата на надоместоците за породилно отсуство не се воспоставени контроли поради што се исплатувани надоместоци и кога осигурениците остварувале плата за ефективни часови на работа;

– во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица утврдени се слабости и неправилности при што во целост не се обезбедува соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола, односно систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето во странство;

– пописот на средствата, побарувањата и обврските е нецелосно спроведен;

– имотно правниот статус на дел од градежните објекти и земјиштето е нерегулиран, а нецелосно е утврдена вредноста и евидентирањето на недвижниот имот во деловните книги;

– состојбата на дел од обврските во финансиските извештаи е нереално прикажана;

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе