Вести Македонија Топ вести

Алијанса и СДСМ си кажаа „да“

„Да“ победи над „не“ на онлајн прашалникот на Алијанса за Албанците, на кој членството денеска се изјаснуваше дали партијата да влезе во владата.

По седницата на централното претседателство, Таравари го соопшти договорот со Ковачевски, со што ги потврди информациите што Телма веќе ги објави.

Утре Таравари повторно ќе има состанок со Ковачевски, на кој ќе ги потпишат програмите, а можеби ќе се кажат и имињата на министрите и замениците. „Алијанса“ добива и многу директорски места, како и заменик-директорски.

Вечерва и Централниот одбор на СДСМ го овласти премиерот да продолжи со разговорите за проширување на коалицијата.

Сега на потег се „Алтернатива“, кои најавија дека ќе ја чекаат вечерашната одлука за да одлучат дали ќе излезат или ќе останат во владата.

Незадоволни се од делењето на кадровскиот колач со новите партнери, од кое тие излегоа со најкуси ракави, односно со само едно министерско место а земени им се и директорски позиции.

Понудата на премиерот вчера ја оценија како „сиктер понуда“, односно „земи или остави“, што е можно да резултира со напуштање на владата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе