Вести Македонија Топ вести

Давитковски во „Топ тема“: Министерството за правда, по право на надзор, требаше да го поништи уписот на здруженијата кои предизвикаа револт кај македонските граѓани

За имиња, кога се однесува на Републиката, имиња на општини, имиња на личности, треба да се добие согласност од министерството за правда, бидејќи тука има примена законот за трговски друштва. Законот за здруженија не го регулира тоа, појасни Борче Давитковски, универзитетски професор по управно право, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во врска со употребата на имиња на здруженија на граѓани.

„Коридор, на пример, не е име. Тоа е поим. Центар е име, бидејќи официјално имаме Општина Центар која постои. Во секој случај, мислам дека тоа не е проблемот. Проблемот е во тоа што првиот законот за здруженија на граѓани и фондации се донесе во 1998 година, во претходниот имаше проблем, бидејќи регистрацијата се вршеше во МВР. Од 1998 година регистрацијата почна да се врши во судовите, а со измената од 2010 година веќе почна регистрација на здруженијата во Централен регистар“, истакна Давитковски.

Централниот регистар, додаде тој, само регистрира акти и не гледа имиња и презимиња.

„Ако има име на државата, на пример Македонија, Карпош, општина, итн., се бара мислење од Правда. Според мене, и стариот закон имаше добри решенија. При изготвувањето се тргна од уставот, во член 20 во кој се прецизира кој може да регистрира политичка партија, кој може здружение и кога не може здружение. Во основа на тоа, ние го операционализиравме во член 4 од законот за здруженија – ако предизвикува тоа и тоа по безбедност на земја и ако предизвикува одредена нетрпеливост на национална, расна или било каква основа“, изјави Давитковски, кој беше член на работната група при изготвување на законот за здруженија и во 1998 година и во 2010 година.

Нагласи оти во тој закон е важно дека надзорот го врши министерството за правда и тоа, вели тој, е клучен момент во законот за здруженија на граѓани.

„И јас не знам зошто се пристапи кон измена на тој закон. Мислам дека немаше потреба. Надзор врз спроведување на одредбите од законот врши Министерството за правда. Кога Министерството за правда виде дека здруженијата со овие имиња предизвикуваат револт кај македонските граѓани, според мене, требаше да ги поништат уписот, по право на надзор, и на првото и на второто“, нагласи Давитковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе