Вести Свет Топ вести

(Видео) Во САД и во Канада почувствувани потреси од околу четири степени по Рихтер

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот рано наутро го погоди предградието на Бафало, Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил во Западна Сенека, соопштија официјални лица.

Потресот се почувствувал на север до Нијагарините водопади и на југ до Орчард паркот, објави на Твитер извршниот директор на округот Ири, Марк Полонкарц.

Националната метеоролошка служба издаде соопштение во кое се вели дека не се знае дали има штета од земјотресот.

Канадската влада извести за земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресите во Турција и Сирија почувствувани дури до Гренланд

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе