Земјотресите во Турција и Сирија почувствувани дури до Гренланд

Силните земјотреси што денеска ги погодија Турција и соседна Сирија се почувствувани дури до Гренланд, соопшти Геолошкиот институт на Данска и Гренланд. „Силните земјотреси во Турција беа јасно регистрирани на сеизмографите во Данска и Гренланд“, изјави сеизмологот Тине Ларсен.