Вести Македонија Топ вести

(видео) Сеизмолозите во Македонија велат потребно е време да настане распределба на напрегањата меѓу африканската и ероазиската тектонска плоча

По разорниот земјотрес кој утринава ги погоди Турција и Сирија, Телма побара одговори од сеизмолозите за тоа дали овие потреси може да предизвикаат одредени последици и на Балканскиот полуостров.

  • Активноста на овој расед се должи на напрегањата меѓу африканската тектонска плоча, којашто се приближува кон север и субдукцијата, односно приближувањето на арабискиот полуостров кон север и ероазиската тектонска плоча. Сите овие придвижувања на овие три тектонски плочи ги предизвикуваат земјотресите не само во Турција, туку и на Балканот. Овие напрегања коишто се ослободуваат од источноанадолскиот расед, бидејќи е исклучително силен земјотересот ќе имаат одредено влијание на околните тектонски блокови, но тоа не се одвива така брзо, потребно е време за да настане распределба на овие напрегања, изјави за Телма Драгана Черних-Атанасовска, раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје.

Нашиот репотер Петар Догов разговараше со Драгана Черних-Атанасовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе