Вести Македонија Топ вести

(видео)Шешов: По ваков силен земјотрес почвата уште долго ќе се тресе, сега е важна солидарноста

„После ваков катастрофалем земјотрес со магнитуда од 7,8 степени, а според некои 7,4, секако дека ќе има поместувања на самата магнитуда бидејќи се работи за големи ослободувања ќе треба научниците и сеизмолозите да поработата за дефинитивно на утврдување на точната магнитуда“, рече проф. д-р Влатко Шешов, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – Скопје (ИЗИИС) во Утринска на Телма.

Тој вели дека ова е голема трагедија со голем број човечки жртви, последните информации се за 500 загинати, а секако дека тој број ќе расте. „Според фотографиите што го обиколуваат светот објектите имаат претрпено драматични оштетувања, што значи дека бројот на жртви ќе биде многу поголем“, вели директорот на ИЗИИС.

  • Имаме информација дека е еден од најсилните регистрирани земјотреси во поновата историја на Турција. Генерално овој регион, ние велиме, дека има потенцијал на вакви и слични земјотреси, меѓутоа зависи и од самата изградба на објектите, на нив има катастрофални оштетувања. Се надевам дека поновите објекти што се проектирани според нови прописи се неоштетени, смета Шешов.

Тој кажа дека ИЗИИС е во контакт со колегите од Истанбул и од Анкара од изутрина за да им понудат поддршка или помош.

  • Сега најважни се акциите на единиците за брзи интервенции, најважно е сега да се спасат тие луѓе кои што се заробени под урнатините, а после два-три дена, кога ќе биде посмирена почвата, иако за ваков тип на змејотрес почвата уште долго време ќе се тресе, па потоа да се прават некои побрзи проценки кои објекти се стабилни кои ќе бидат за рушење кои имаат можност да бидат санирани, рече проф. д-р Влатко Шешов, директор на ИЗИИС во Утринска на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе