Вести Македонија Топ вести

Двајца македонски ученици повредени во земјотресот во Турција – не се во животна опасност

Македонското министерство за внатрешни работи соопшти дека во катастрофалниот земјотрес во Турција повредени се двајца македонски ученици кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција.

МНР потврди дека 9 наши државјани се во Турција, 8 ученици и нивен ментор/наставник.

„Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност“ – соопшти МНР.

Министерството нема иформации за други наши државјани кои се во загрозена состојба или на кои им е потребна помош, но македонските претставништва континуирано комуницираат со надлежните турски институции, како и наши граѓани кои информираат за состојбите на терен.

Истовремено, дипломат од Амбасадата во Анкара веќе е упатен во регионот да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе