Вести Македонија Топ вести

И директорите на УЈП и Царина на коалициски пазар

Покрај министерските, на пазар се и директорските позиции во полицијата, УЈП, царината, инспекциите. Во сите овие институции, „Алијанса за Албанците“ бараат директорски или заменички позиции, за како што аргументираат, да се борат со корупцијата. Тоа отсега ќе биде главната тема на разговор на комисиите од двете партии, кои денеска ги почнуваат состаноците за кадровските смени.

Неофицијално, министерските позиции во Здравство и Правда, речиси, сигурно ги добиваат од „Алијанса“, а се калкулира со третото министерство кое ќе зависи од тоа дали „Алтернатива“ ќе останат во владата или не. Од оваа партија, освен министерко место, ќе треба да дадат и директорски позиции за нивните поранешни коалициони партнери, со кои не останаа во добри односи.

Доколку излезат од владата, министерството за информатичко општество ќе го земат „Алијанса“, ако не, тогаш се можни рокади и меѓу СДСМ и ДУИ. Но, тоа е сè помалку веројатно, особено по синоќешната изјава на претседателот на „Алтернатива“, кој го омекна ставот откако со денови демонстрираше отпор кон тоа, да отстапи позиции за новиот владин партнер.

„Кооперативни сме, немаме црвени линии за коалиционите партнери, ние сме за компромис и околу распределбата на ресорите“, изјави синоќа Гаши.

Од оваа партија чекаат да завршат преговорите меѓу СДСМ и „Алијанса“, по што ќе следува и покана и за повторна средба на Гаши со Ковачевски, која треба да финишира со конечен договор. Од СДСМ си дадоа подолг рок.

„Очекуваме до крајот на месецот да завршиме со преговорите и предлозите да влезат во собраниска процедура“, рече Дарко Каевски од СДСМ.

Новата влада ќе има 10 до 11 месеци за реализација на програмата, до редовните избори следната година.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе