Вести Македонија Топ вести

Бугарските пратеници донесоа Декларација за заштита на Бугарите во Македонија и се распуштија

На својот последен работен ден, пред да се распуштат, бугарските пратеници без дискусија и речиси едногласно, со 184 од 185 гласа, усвоија Декларација за заштита на Бугарите во Македонија. Декларацијата е сублимат на четирите поднесени декларации поднесени од речиси сите партии во бугарското собрание по претепувањето на Христијан Пендиков, секретарот на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Во деветте точки на Декларацијата се осудуваат актите на насилство врз Бугарите во Македонија и се инсистира на конкретни системски мерки за борба против злосторствата од омраза во сите облици и манифестации, како и да ги откријат и казнат сторителите на нападот врз Пендиков. Бугарските пратеници стравуваат дека антибугарската кампања во Македонија може да го загрози впишувањето на Бугарите во Уставот.

„Изразува загриженост дека ескалацијата на антибугарската кампања во Северна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што им служи на интересите на трети страни“, гласи петтиот член од Декларацијата.

Бугарските пратеници го осудуваат, како што наведуваат, говорот на омраза во Македонија против локалните Бугари и Бугарија, како и неговите манифестации во политичката, јавната и медиумската средина.

Тие пред да се распуштат поради распишувањето на нови предвремени парламентарни избори во Бугарија приговорија и за трајно неспроведувањето на Договорот за добрососедство и протоколите од меѓувладината комисија, а во Декларацијата ги споменаа и измените на Законот за здруженија и фондации.

„Народното собрание се противи на измените во Законот за здруженија и фондации од 2022 година, кои го дискриминираат и намерно го ограничуваат правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија. Овие промени може да ја попречат и предодредат активноста на Заедничката мултидисциплинарна комисија според чл. 8 од Договорот од 2017 година за одредени периоди и лица“, гласи членот шест од Декларацијата.

Бугарските пратеници кои без дебата и со само еден воздржан пратеник ја изгласаа Декларацијата во која ги отфрлаат, како што велат, лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор во земјава за кои се на став дека се за намерно влевање омраза против Бугарија и Бугарите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе