Вести Македонија

По речиси три децении е подготвен нов Кривичен законик

По речиси три децении е подготвен нов Кривичен законик, во кој се врши редефинирање и хармонизација на пропишаните казни за одредени кривични дела. Правата стручна расправа со судиите и академици почна од штипското Апелациско подрачје, каде што министерот за правда, Никола Тупанчевски рече дека од анализите на примената на Кривичниот законик, особена слабост била примената на мерката конфискација.

Сега во новиот текст овој институт е усогласен со европското законодавство. Новини има и во законските одредби за тортура, малтертирање во вршење на службата, перење на пари, а се воведува и ново кривично дело екоцид, кое е значајно за актуелните кривичните дела за загадување на животната средина.

Тупанчевски од Штип порача дека судовите и обвинителствата во штипското Апелациско подрачје кубурат со вработени, кои си заминуваат по основ на пензионирање, а во последните неколку години никој не ги заменува.

Во штипскиот Основен суд лани имаше 14 судии, но тројца си заминаа во пензија, ако во овој суд со судии и администрација треба да се вработени 120, во него бројката на вработени е помала за 40 лица.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе