Вести Македонија Топ вести

МВР ги потсетува граѓаните и правните субјекти – уште една година за замена на регистарските таблички МК со NMK

Обврската за промена на регистарските таблички со ознака МК со ознака NMK е до 12 февруари во 2024 година, се вели во денешното потсетување на Министерството за внатрешни работи (МВР) до граѓаните и правните субјекти.

Од МВР соопштуваат дека, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање, сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе