Вести Македонија

„Алијанса“ со една нога во влада, „Алтернатива“ немаат моќ да ги спречат?

„Алтернатива“ со своите четири пратеници нема доволно моќ да го спречи влезот на „Алијанса за Албанците“ во владата. Нивните некогашни коалициони партнери, кои имаат осум пратеници, се со една нога веќе на „Илинденска“, останува да се допрецизираат функциите што би ги добиле. Ова е оценката на албанските аналитичари по преговорите за засилување на мнозинството кои деновиве финишираа со средба на премиерот и Ахмети со Гаши.

Гаши одбива да отстапи некоја од министерските или директорските позиции за партијата за Таравари, но Незири смета дека не би имал храброст за нешто повеќе, иако е свесен дека ќе ја изгуби политичката моќ што ја има сега. Средбите со „огнената група“ од ДУИ, што резултираа со шпекулации дека нивните пратеници би можеле да се спојат во пратеничка група, ги оценува само како политички маневар.

И да влезат „Алијанса“ во владата, повторно ќе нема мнозинство за уставни измени, затоа што ќе ја поддржуваат 72-ца пратеници. Оттаму, нивниот интерес, да влезат во владата една година пред завршувањето на мандатот, аналитичарите го припишуваат на неуспехот од коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ. Единствена можност да дојдат на власт им е преку коалиција со партија од македонскиот блок, а тоа во случајов е СДСМ, на кои сега им се потребни за постабилно мнозинство.

Се очекува „Алијансата за Албанците“ да добијат две министерства, кои доколку Гаши не се предомисли, ќе треба да ги отстапат ДУИ и СДСМ. Но, деновиве и помалите коалициони партнери на Социјалдемократите реагираа дека, доколку СДСМ отстапи министерско место, не би била почитувана правичната застапеност.

Во актуелниот состав, од четворица вицепремиери, двајца се Албанци, а двајца Македонци, а иста е ситуацијата и со министрите. Од 16 министри, осум се Македонци, а осум Албанци.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе