Вести Свет Топ вести

Убиен свештеник со мачета во Шпанија

Маж со мачета уби едно црковно лице и рани уште еден свештеник при напад со мачета во две цркви во Алхесирас, соопшти синоќа шпанското Министерство за внатрешни работи.

Напаѓачот е уапсен, а шпанското министерство за внатрешни работи засега не го соопшти неговиот идентитет.

Локалните медиуми јавуваат дека се повредени уште најмалку три лица. Пред Националниот суд на Шпанија е отворена истрага како потенцијален терористички акт, а полицијата се обидува да ја утврди „природата на нападот“. Не се соопштуваат други детали.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе