Вести Свет Топ вести

Шолц дозволи испраќање тенкови „леопард 2“ во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц одлучи да испрати тенкови „леопард 2“ во Украина и да им дозволи на другите земји да го сторат истото, објавија синоќа германските медиуми, но за сега се уште нема и официјално соопштение од германската влада.

Претходно, Полска официјално побара одобрение од Берлин за извоз на тенковите, а германската Влада најави дека ќе одговори на ова прашање што е можно поскоро. Испраќањето на овој вид на тенкови било тема на разговор и меѓу генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Столтенберг по средбата изјави оти е убеден дека Алијансата наскоро ќе најде решение за испораката на борбени тенкови на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе