Вести Свет Топ вести

„Леопардите“, сепак, излегуваат од „кафез“: Германија потврди дека ќе испрати тенкови за Украина

Германија потврди дека ќе испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина, по повеќенеделен притисок да го стори тоа. Канцеларот Олаф Шолц го најави тоа на состанокот со својот кабинет претпладнево, потврди портпаролот на сојузната влада, Штефен Хебештрајт, пренесува „Си-Ен-Ен“.

„Сојузната влада одлучи да ставо на располагање борбени тенкови „Леопард 2“ на располагање на украинските оружени сили. Ова е резултат на интензивните консултации со најблиските европски и меѓународни партнери на Германија. Оваа одлука ја следи нашата добро позната линија на поддршка на Украина, во рамки на нашите можности“, наведе Хебештрајт во соопштението.

Прашањето за испорака на тенкови „Леопард 2“ во Украина во изминатиот период предизвикаа поделби меѓу западните сојузници, членки на контакт групата за одбрана на Украина.

Ставот на Берлин беше главна пречка за испорака на тенкови „Леопард 2“ на состанокот на контакт групата во американската воздухопловна база „Рамштајн“ во Германија, на кој се собраа министри за одбрана и началници на генералштабови на војските членки на НАТО и партнерските земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе