Вести Македонија Топ вести

Проценка на јавен обвинител – Пендиков бил фатен со дрога, но не биле побарани мерки за негово обезбедување

За секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков не бил одреден притвор, ниту друга мерка за обезбедување, иако лани во октомври кај него полицијата пронајде дрога. Од Обвинителството за Телма објаснуваат дека е направена таква проценка, затоа што при личен претрес кај Пендиков е најдена мала количина на кокаин. За ова кривино дела на 23-годишниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, сè уште Обвинителството не донело одлука.

„Пријавата се однесува на настан случен на 20 октомври, кога при личен претрес кај пријавениот било констатирано неовластено поседување на наркотична дрога во помали количини – 0,3 грама кокаин. Со оглед на тежината на кривичното дело и другите факти во предметот, надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај не се исполнети законските основи за да побара мерки за обезбедување на осомничениот. По пријавата се постапува и се испитуваат околностите, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, наведуваат од ЈОРМ 

На 19 јануари, Пендиков беше нападнат во угостителски објект во Охрид, пришто се здоби со тешки телесни повреди, а бугарските власти му организираа лекување во Софија и го транспортираа со владин авион. Од Обвинителството велат дека тој е достапен за органите на прогонот, иако од нив не беше побарана согласност тој да ја напушти државата

„Во однос на транспортот на наведеното лице, од јавното обвинителство не беше побарана согласност за негово префрлање во Република Бугарија. Оштетениот до сега два пати даде свој исказ во постапката и достапен е на органите на прогонот. Освен тоа, тој има правен интерес да учествува во постапката. Јавното обвинителство нема ниту една законска основа да задржува оштетено лице“, се наведува во соопштнеито на ЈОРМ.   

Обвинителството веднаш по инцидентот осомничи едно лице за настанот и побара притвор, но засега нема информација дали има други осомничени, дали се сите достапни. Иако сè уште истрагата не потврдила дали станува збор за лична пресметка или во случајот има политика, политичарите во Бугарја и Македонија инцидентот го оквалификуваа како напад од омраза кон Бугарите. Правните експерти сметаат дека е тоа е притисок врз истражните органи, а истрагата е веќе контаминирана.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе