Вести Македонија Топ вести

Наоди од обдукцијата – старицата, која беше пронајдена мртва во Струмица, е убиена со давење или задушување

Осумдесет и три годишната старица М.Б., која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ во Струмица, била убиена. Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надворешна сила, односно таа била задавена или задушена.

Од струмичкото Oбвинителство не соопштуваат повеќе детали во интерес на истрагата. Додаваат дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот или сторителите на овој грозоморен чин.

Инаку, безживотното тело на старицата, која живеела сама, беше пронајдено во петокот попладне од блиски членови на семејството, кои повикале Итна медицинска помош, а оттаму ја известиле полицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе