Вести Македонија

Османи денеска во Софија ќе го посети Пендиков

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе оствари работна посета на Софија каде заедно со својот бугарски колега Николај Милков ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, соопшти МНР.

Посетата ќе биде искористена, како што велат од МНР, за да се разменат мислења меѓу двајцата министри за инцидентот во Охрид, за зачестените провокации, како и за активностите на двете министерства за превенција и отпорност од сличните провокации.

Инаку, засега нема официјален став и појаснување од МНР, ниту од Министерството за здравство за процедурата по која македонскиот државјанин Пендиков ја напуштил државата, а од Обвинителството велат дека во однос на други постапки за наведеното лице, повеќе детали ќе изнесат в понеделник откако ќе биде направен увид во предметите што се споменуваат.

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ вчера за ТВ Телма рече дека е преседан начинот на којшто 22-годишиот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид е изнесен од државата, а истрагата за кафеанската тепачка што прерасна во дипломатски скандал е целосно компромитирана со изјавите на политичарите.

Лицето е осомничено како сторител на кривично дело, но и во таа постапка, додава Тугефчиќ, имајќи го предвид настанот што го предизвика вниманието, не знам дали јавниот обвинител во тој контекст побарал од судот за лицето да бидат определени мерки за обезбедување присуство токму за спроведување на оваа постапка.

Неколку дена пред инцидентот во Охрид, се одржа панихида за Мара Бунева во Скопје, на која присуствуаа бугарскиот политичар и европратеник Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“. Џамбаски тогаш испрати провокативни пораки за територијални претензии и дека македонските политичари се „србомани кои вршат геноцид врз Бугарите“, а земјава ја нарече „бугарска“.

Бугарското МНР по три дена се огради од ваквите ставови и кажа дека тие не кореспондираат и не се став и на Бугарија како држава.

 -Јавните изјави со кои се навредува или провоцира Република Северна Македонија се апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни и тие не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не можат да се толкуваат како такви, соопшти тогаш бугарското МНР.

Од македонското МНР, пак, тогаш наведоа дека „со големо внимание ги следат изјавите на одредени маргинални политички фигури од Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави“.

Од МНР исто така посочија дека „Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе