Вести Македонија

Попушти старата главна водоводна линија во Штип, повисоките населби без вода

Поради големиот притисок на вода, повторно попушти старата главна водоводна линија еден. Пет часа се одвиваше санацијата на пукнатата цевка и местењето на сигурносниот вентил. Без вода беа жителите од повисоките штипски населби.

Водоснабдувањето низ повисоките зони во Штип се очекува да се нормализира доцна попладне. Техничка вода за пиење од цистерни на Противпожарната единица имаше на три пункта. Старата водоводна мрежа е еден од главните проблеми на градот Штип и претходната и актуелната власт се на став дека средствата од над еден милиони евра од самопридонесот треба да се искористат за санација на дел од мрежата.

Според пресметките од пред речиси две години  за Штип да има нормално водоснабдување преку замена на старата главна линија потребни се не еден, туку неколку милиони евра.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе