Вести Македонија Топ вести

Петрушевски во „Топ тема“: Јавноста нема да дознае кој е одговорен за државјанството на Онишченко

Нема да дознаеме кој е одговорен, потенцира Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во македонското Собрание, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма во одговор на прашањето „дали јавноста ќе дознае кој е одговорен за државјанството на Александар Онишченко“.

„Тоа е суштината, генерално гледано, на безбедносниот сектор во Република Македонија. И покрај толкуте безбедносни реформи во изминатиот период, и покрај толкуте финансиски средства вложени и од домашни и од странски пријатели, сè уште претставува црна дупка која ги користи тие одредени механизми за да може да избегне одговорност“, истакна Петрушевски.

Суштината, според него, е дека се злоупотребува можноста за класифицирање на информации.

„Дел од информациите се класифицирани, но, сепак, постои можност во одреден дел на тие информации да не бидат класифицирани и да може да се дебатира, пред сè, да се укаже на недостатоците кои што се системски, како што се изрази претседателот на Комисијата за надзор на АНБ, кои ги истакнал сегашниот директор на АНБ во насока да се корегираат“, изјави Петрушевски.

Петрушевски вели дека барале да се види дали институциите имаат реални капацитети за справување со такви предизвици, бидејќи, како што вели, можеби има законски пречки за ангажирање на домашни и странски експерти, итн. Меѓутоа, нагласи тој, „со самото тоа што се класифицира одредена информација во целост по најстрога класификација „државна тајна“, што подразбира сериозни протоколи, се класифициран и целата седница, па може и пет дена да се дебатира на Комисијата, но ефект од тоа ќе нема“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе