Вести Македонија Топ вести

Костовски во „Топ тема“ за случајот Онишченко: За ова не треба да се прави риалити шоу, по завршување на истрагата ќе има лоцирана одговорност

Најлошо во едно општество, во една демократија каква што е македонската, се да се става на една колективна одговорност и притоа да се одбегне индивидуалната лоцирана одговорност, порача пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во вечерашната „Топ тема“ на Телома ТВ.

„Агенцијата за национална безбедност претставува нова ера во безбедносното разузнавање ви државата по онаа црна историја на Управата за безбедност и контраразузнавање која што беше во рамки на Министерството за внатрешни работи и сите оние, над 20.000, прислушувани разговори на опозицијата, на новинарите, на поединците, на невладиниот сектор, на бизнисмените, итн. Тоа беше брутално злоупотребување на функцијата која што беше дадена. И тоа е многу важно да се спомене пред македонската јавност“, изјави Костовски.

Тој е согласен дека случајот со Онишченко е своевиден преседан што се случи во безбедносните структури на државата и остави белег на оваа 2022 година и покажа дека системот не функционира беспрекорно.

„Кога сте во фаза да го детектирате нефункционирањето на системот и дека има некои недостатоци, веднаш треба да се впери прст и да се отпочне постапка за да се види виновниот кој погрешил. Тоа го направи владата. Не смееме во никој случај да заборавиме дека владата го отповика државјанството на Онишченко“, истакна Костовски.

Владата, нагласи тој, доделува државјанства по одредена методологија, односно по дадена согласнот од опредени институции за што четири во случајот со Онишченко имаат дадено позитивно мислење.

„И кога сето тоа го имате нсервирано на хартија, пред владата на седница само се одбива или прифаќа. Формалниот дел на доделување на државјанството е затворен и тука владата воопшто нема вина. Меѓутоа не сакам ваква безбедносна ситуација да се дебатира по медиуми и да се прави риалити шоу или опозицијата по прес-конференции да зема ситни, прости политички поени од ова“, вели Костовски.

Пропустите, потенцира тој, се утврдени, постапката си тече и новиот директор на АНБ, додаде Костовски, дал соодветни информации и оти по завршување на истрагата ќе има лоцирана одговорност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе