Вести Македонија

Приватните превозници тврдат дека инспекцијата на УЈП завршила и потврдено е дека Град Скопје им должи вкупно над 92 милиони денари

Двете компании приватни превозници од Скопје, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ соопштија дека инспекциискиот надзор на Управата за јавни приходи завршил и била утврдена фактичката состојба односно дека Град Скопје им должи пари поради што протестираа и ги блокираа крстосниците во градот.

Двете компании тврдат дека Град Скопје им должи околу еден и пол милиони евра и тоа на „Макекспрес“ 30 милиони денари додека на „Слобода Превоз“ 62 милиони денари.

Тие побараа средба со премиерот Ковачевски на која ќе му ги презентираат доказите како и тој да биде медијатор во решавање на спорот.

Ковачевски пак соопшти дека ќе ги причека официјалниот извештај на УЈП и потоа евентуално би се одржала средба.

Градоначалничката Арсовска остана на ставот дека нема за што да разговара со претставниците на приватните превозници.

  • Од УЈП соопштуваат: Како службени лица сме должни како даночна тајна да ги чуваме сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обрвзник до кои сме дошле во даночна, прекршочна или судска постапка, а во даночна постапка влегува и постапка по надворешна контрола при чие спроведување создаваме суштински информации/службени информации, факти, докази по кои следува натаможен исход од постапката и согласно кое начело можеме да дадеме/доставиме информација само кога тоа од УЈП ќе се побара од страна на надлежен орган.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе