Вести Македонија

Студентски оброк ќе има, но не се знае кога

Студентите извисија за студентскиот оброк, кој требаше веќе да биде исплатен, а се уште нема ниту одлука дали се прифатени апликациите.

Студентите се разочарани велат дека им доцни исплатата на средства кои им се неопходни во оваа криза и очекуваат да им се зголеми и сумата на оброк со оглед на инфлацијата.

Од Министерство за образование и наука велат дека конкурсот за апликации траел до 3ти Декември и им било потребно повеќе време да ги разгледаат податоците за секој студент кој аплицирал, а тие се во голем број.

 

Пристигнати се над 31.000 апликации.Јавниот повик за субвенциониран оброк заврши на 3ти Декември.Согласно Законот за субвенциониран оброк се проверува дали студентите кои аплицирале ги исполнуваат условите и за таа цел, МОН ги компарира податоците од апликациите со податоци кои ги добива од УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети. Секој студент ќе добие решение преку системот во кој се аплицираше, по што ќе започне исплатата на средствата, ретроактивно почнувајќи од 15ти Септември.-велат од мон.

Претседателот на Универзитестото студентско Собрание вели дека тој лично ќе се залага средствата да бидат исплатени и очекува веќе во наредната недела да почне исплатата на оброк за два ипол месеци, половина септември и октомври и ноември.

Пред еден месец имаше протест на кој голем дел од студентите го искажаа своето незадоволство од законските измени за кратење на можноста сите студенти да земаат студентски оброк. Тие тогаш успееа да издејствуваат да нема кратење на правото на оброк, но не добија повисок оброк од 140 денари како што бараа, тој остана 120 денари дневно.

Со досегашното решение во Законот за студентски стандард околу 40.000 македонски студенти на додипломски студии почнаа да добиваат по 2.400 денари месечно за здрава храна.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе