Вести Македонија Топ вести

Државен службеник без увид издал А-интегрирана дозвола на „Дрисла“ – ќе одговара кривично

Чувари или убијци на животната средина?! – Кој нѐ штити од загадување е отворено прашање, а институциите веќе се во потрага по одговорите. Кривично дело против природата – нотира Финансиката полиција за раководител од ресорот Екологија, затоа што лани „замижил“ пред законот. Без да направи увид во инсталација и нејзината работа, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка дозвола на депонијата Дрисла, иако тие немале соодветна опрема за уништување на одредени видови опасен отпад.

„Во текот на 2021 година, во јавното претпријатие Дрисла бил примен и третиран 16.900 килограми опасен отпад од неколку правни субјекти, со што пријавениот сторил кривично дело Загадување на животната средина и природата согласно член 218 од Кривичниот законик. Притоа, наведениот правен субјект се стекнал со имотна корист во износ од 455.368 денари“, велат од Управата за финансиска полиција 

Ова е само еден од низата случаи на класична корупција кај службеници и инспектори. Власта постојано најавува дека со реформи ќе се намалува корупцијата, а од Инспекцискиот совет тврдат дека целосно ќе се искорени. Но, и кога се водат дисциплински постапки против корумпирани службеници – епилог нема, а одговорност уште помалку.

„Согласно законот за административни службеници, рокот за покренување на дисциплинска постапка е три месеци и најчесто тие застаруваат“, истакна Даниела Рендевска, претседателка на Инспекцискиот совет, на почетокот на оваа недела.

Во случајов со раководниот државен службеник од Министерството за животна средина, покрај тоа тој што сторил кривично дело загадување на животната средина, ќе се гони и за искористување на својата службена положба. Со тоа, постапил спротивно на Законот за животна средина.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе