Вести Македонија Топ вести

Историската комисија треба да се распушти, македонската историја со преговорите добива бугарски наратив, смета историчарот Чепреганов

Македонија сама си ја проблематизира историјата со потпишувањето на договорот со Бугарија и ќе следуваат уште понепријатни ситуации, смета историчарот Тодор Чепреганов. Тој порачува дека историската комисија треба да се распушти, затоа што со овие преговори македонската историја добива бугарски наратив.

И професорката Виолета Ачкоска го дели истиот став. Според неа Македонците се доведени во апсурдна ситуација да докажуваат дека во Втората светска војна се бореле против фашизмот, кога тоа е општо познат факт.

За да се надминат недоразбирањата, историјата треба да им се препушти на научниците и да не е дел од политичките договори, смета претседателот на здружението на историчари, професорот Митко Панов.

Научници, истражувачи, историчари се дел од научен собир што го организира струмичкиот музеј, а темата е Епаминонда Поп Андонов и народноослободителното и антифашистичкото движење во Втората светска војна.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе