Вести Македонија Топ вести

Ковачевски: На наредната седница на владата ќе побарам поништување на државјанството на Онишченко

Премиерот Димитар Ковачевски на наредната седница на владата ќе побара да почне постапка за поништување на државјанството на Олександар Онишченко.

„На наредната Влада ќе побарам статус во однос на активностите што треба да ги преземат институциите со цел поништување на државјанството издадено од нашата држава и, исто така, ќе следуваат и одредени други активности во наредниот период“, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан за тоа дека нема реакција на институциите во однос на сообраќајниот прекршок на син на заменик министерот за внатрешни работи, Ковачевски побара новинарите да се држат до информациите што ги сподели МВР.

„Ниту еден човек без разлика чиј син е не може да биде санкциониран различно од кој било друг граѓанин во држата, така што и министерот кажа дека се работело за приватно возило коешто го управувало одредено лице и кое ќе биде третирано согласно одредбите на Законот за сообраќај“, рече Ковачевски, на прес-конференцијата во Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе