Вести Македонија Топ вести

Дојави за бомби во пет училишта во Кавадарци, учениците евакуирани, евакуирана и градинка

Пет училишта во Кавадарци утрово добиле закани за поставени бомби, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

„Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира Самарџиев.

За дојавите за поставени бомби во две средни и три основни училишта во Кавадарци информира и градоначалникот Митко Јанчев. Како што наведува Јанчев во постот, евакуирани се учениците од ООУ ,,Тоде Хаџи Тефов’’ во Кавадарци и подрачно училиште во село Бегниште, ООУ ,,Димката Ангелов Габерот’’ во Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ООУ ,,Страшо Пинџур“ во Кавадарци и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци и СОУ ,,Ќиро Спанџов Брко’’.

Освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе