Вести Македонија Топ вести

По инцидентот со набркана полициска патрола, МВР со нова контрола во Арачиново, приведено уште едно лице

Два дена по ред полицијата испрати специјалци во Арачиново во акции по угостителски објекти и потрага по оружје.

Акциите започнаа откако медиумите објавиле дека полициска патрола била набркана, но МВР негираше затоа што нивната внатрешна контрола утврдила дека полицајци не пишале казна на 17-годишен жител кој немал документи.

Првата акција беше реализирана во саботата наутро, а втората, ноќта сабота кон недела.

Во полициска акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на скопско Арачиново, вчера е лишен од слобода А.Д.(40), вработен во еден од локалите.

Полициски службеници од СВР Скопје –  Единица за недозволена трговија, Единица за интервентна полиција, Одделение за Потраги и Одделот за специјални полициски операции во извршената контрола кај него пронашле пиштол „ТТ” и рамка со осум куршуми.

– Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

Инаку, во рамки на акциската контрола бил извршен преглед на 54 лица затекнати во угостителските објекти и 11 возила.

МВР испрати специјалци во Арачиново, уапсени двајца, трет осомничен за закани кон веб медиум

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкотска има нов премиер ,втор во рок една недела

Дејан Дејан

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе