Вести Македонија

МВР испрати специјалци во Арачиново, уапсени двајца, трет осомничен за закани кон веб медиум

По информациите за бркање на полициска патрола од Арачиново за што МВР негираше дека полицајците биле заплашувани туку соопшти какп не си ја вршеле работата, саботниот билтен на МВР беше полн со написи за скопското село.

МВР сооопшти дека полициски специјалци три и пол часа во саботата наутро имале акција во селото при што уапсиле избеган затвореник и жител кој имал нелегално оружје.

-На 03.12.2022 во периодот од 05.00 до 08.30 часот од страна на Оперативниот тим потраги во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции-ОСПО и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачјето на с.Арачиново, скопско, лишен е од слобода Н.Р.(49) од с.Арачиново. За него била распишана централна потерница согласно наредба од Основен Кривичен суд – Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од година и половина, во врска член 396 од Кривичниот законик, за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна. Во 06.30 часот полициски службеници извршиле проверка во куќа во с.Горно Мојанци, сопственост на Џ.О., во која престојувал Ф.О.(40) од с.Арачиново, при што бил пронајден пиштол. Пиштолот е одземен за понатамошна постапка, по лицето се трага, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата во денешниот билтен.

Покрај тоа МВР соопшти дека е приведено лице кое се заканувало на вработени во интернет портал на ФБ објава за случајот со полициската патрола во Арачиново.

-На 02.12.2022 во 22.40 часот во Скопје, полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ш.М.(31) од с.Арачиново, скопско.

Тој се сомничи дека на 01.12.2022 по електронски пат испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

Од редакцијата на Нетпрес потврдија дека заканата била упатена до нивната редакција.

Нетпрес објави дека во пораката од профилот на извесен Шенол Маслани, пишува “за лајкови не земајте луѓе на врат, самите себе се земате на врат… немојте да претерате со лажни вести.. оние си побегнале, а вие кај ќе се криете”., по што е пријавена закана.

ТВ 21 пак во сабота доцна навечер објави видео од Арачиново кое им го испратил жител на кое се гледаат специјални полициски сили во центарот на населбата. Од МВР нема одговор за тоа дали има нова акција или станува збор за онаа од сабота наутро.

Случај Арачиново: За МВР сообраќаен прекршок, за опозицијата добро позната криминална банда

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Пожар изби во поранешната зграда на Данската берза стара речиси 400 години

Дејан Дејан

Продолжува протестот на приватните специјализанти

Дејан Дејан

Бајден го повика Конгресот да ја усвои помошта за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе