Вести Македонија

На импровизираните тезги во Тетово се продаваат различни производи – инспекторите со овластување за заплена на робата

Узурпирани јавни површини. Дивите продавачи ги има на неколку локации во Тетово. Од центарот на градот, па се до тротоарите покрај зелениот пазар, каде имаат дозвола само за пазарен ден, на импровизирани тезги секојдневно продаваат разновидни производи.

Општинските инспектори се жалат дека иако им изрекуваат минимални парични казни, сепак, сликата се повторува.

Сега со одлуката за комунален ред која помина на Совет, ќе можат и да им ја запленат робата.

Предходно немало, имало само 50 евра казна и не можел никој ништо само казни го и не можеш да преземеш мерки. Сега имаат право на земање роба и на казна исто 50 евра, но имаат право да конфискуваат работи што се незаконски поставени на јавни површини“, вели Абдулгани Алији, раководител на општинскиот инспекторат.

Дополнително Општинскиот инспекторат нема доволно кадар. Комунален ред спроведуваат само двајца инспектори, а заедно со останатите во другите сектори вкупно се 16 и 4-ца на обука, но според направената систематизација треба да бидат 40-тина.

„Многу малку луѓе има каде што ни треба, најмногу ни треба градежништво и комунална ама многу малку имамо. И Законот за инспекциски надзор е таков и тој што ќе го примиш треба да има 12 месеци обука за да биде инспектор“,вели Алији.

Инаку од Инспекторатот додаваат дека нивната работа на терен многу би се олеснила доколку се формира комунална полиција, за да не мора постојано да бараат асистенција од полицијата.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе