Вести Македонија

Скандал со синот на заменик министерот Назим Буши: Газдата на автомобилот не кажувал на полицијата кому му го дал мерцедесот, Спасовски убеден дека не е синот на неговиот заменик

Сопственикот на мерцедес поврзан со инцидентот на синот на заменик министерот Назим Буши не кажувал на полицијата кој бил возачот, Спасовски убеден дека не е синот на неговиот заменик

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на СВР Скопје, на прашање на Телма за случајот кој го објавивме, а поврзан со инцидент и нелегална употреба на флешери од синот на заменик министерот Назим Буши, вели дека досегашната истрага не утврдила такво нешто туку дека станува збор за возило на приватна фирма.

Спасовски и натаму тврди дека имало многу шпекулации за случајот.

-Се утврди дека пријавата доаѓа од граѓанин упатена на број, се утврди патничко возило мерцедес кое не е во државна сопственост или на некое министерство, туку на приватна фирма, а возилото било упатено според нашите сознанија кон приватна болница, рече Спасовски.

Од друга страна, сопственикот на возилото не сакал да им каже на полицајците на кого му го дал мерцедесот, па Спасовски најави дека полицијата во истрагата на друг начин ќе открива кој бил возачот со флешери.

Повеќе во вестите на Телма во 15:30, 18:30 и 21:30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе