Вести Македонија

Разрешена директорката на училиштето во Градско

Разрешена директорката на училиштето „Даме Груев“ во Градско во кое две години четиринаесет годишен ученик бил физички и психички малтретиран од своите соученици. Велешкото јавно обвинителството оформи  предмет за случајот и во моменов е во предистражна постапка. Во тек е вонредниот инспекциски надзор , но до негово завршување не би излегувале со првични информации, вели директорот на Државниот просветен инспекторат Муслиу. За врсничкото насилство во училиштето Државниот просветен инспекторат се информирал од медиумите,вели првиот човек на оваа инситуција.

Може да информираме дека следи детален надзор од страна на Државниот просветен инспекторат во однос на работењето на раководниот кадар и стручната служба во училиштето. Согласно Законот за основно образование директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство злоупотреба или занемарување на учениук од страна на друг ученик, родител, старател, стручен соработник. Ние за истото училиште  немаме добиено претставка или пријава од директорката, ние се информиравме од медиумите, изјави Муслиу.

Во меѓувреме Центарот за социјални работи Велес постапува по овој случај по пријавата на 12 ноември. Зошто дури дури по две години ниту еден наставник, педагог или психолог  во училиштето не го пријавил случајот и дали мерката преместување на двајцата ученици насилници во друго одделение е соодветна, Тренчевска со став дека во моментов се преземаат мерки, но упати критика до самото училиште и стручните служби кои не реагирале навремено.

Се преземаат соодветни мерки за децата кои вршеле врсничко насилство согласно Законот за малолетничка правда, односно се подготвува предмет како за деца во ризик, случајот се следи од страна на МТСП и МВР за вакво врсничко насилство не се повторува повеќе, рече министерката тренчевска.

Градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков ги повика сите институции да работат на целосно расветлување на случајот и побара да се утврди каде настанал пропустот но и одговорност за сите што не реагирале и дозволиле булингот да помине незабележано цели две години.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе