Вести Македонија

Макпетрол: Намалување на цените на природен гас и метан за декември

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец декември ќе се намали за 100 евра за 1.000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец ноември оваа година.

„Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 11 денари за килограм, во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 134,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 123,5 денари за килограм или 88 денари за литар“, соопштуваат од компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва проекција на мандати: ВМРО-ДПМНЕ на 59, ДУИ пред СДСМ

Дејан Дејан

Ковачевски спомена одговорност, но не и оставка: Денешниот резултат е разочарувачки и тежок удар за СДСМ, повикувам на внатрепартиски избори

Дејан Дејан

Гордана Силјановска Давкова- нов претседател на Република Северна Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе