Вести Македонија Топ вести

Зоран Герасимовски назначен за в.д. во Академијата за судии и обвинители

Од член на судски совет, преку Управен одбор (УО) до в.д. директор на академија – преку толкување на закони до концетрација на моќ во правосудниот систем. Зоран Герасимовски ќе седне во фотелјата на Наташа Габер, чиј мандат истекува денеска, и ќе остане до изборот на нов директор. Новиот УО, конституиран вчера ќе распишува нов оглас за прв човек на академијата, откако претходниот пропадна, затоа што, ниту досегашната директорка, ниту тогашната противкандидатка судијката, Оља Ристова не добија поддршка. Герасимовски како член на судскиот Совет, паралелно сега ќе ја раководи и академијата.

„Именуваниот, едногласно беше избран за вршител на должноста директор на Академијата за судии и јавни обвинители од редовите на членовите на Управниот одбор, земајќи го предвид фактот што истиот е со долгогодишно искуство во вршење на судиската функција, пред се како судија на Апелациониот суд Скопје, а понатаму и како член на судскиот совет на РСМ, со стекнат интегритет и углед во правосудството на РСМ“, велат од Академијата за судии и јавни обвинители.

Тројната улога на Герасимовски и изборот на обвинителката Раевска во Управниот одбор на Академијата ѝ боде очи и на стручната јавност. Дел од кривичарите со став дека законот има недоречености, кои оставаат простор за негово произволно толкување. За други, одговорноста е повеќе морална. Нивните функции се во мирување додека се членови на советите. Ова за дел од кривичарите е спорно, бидејќи членови на управниот во Академијата треба да се активни судии и обвинители. Против концентрација на моќ во правосуството и министерот Тупанчевски.

„Има два правни акта кои конектитраат кон ова решение. Едниот е уставот, чл. 99 и чл. 12 од судскиот Совет. Едниот зборува дека судската функција е неограничена, а другиот дека треба да биде избран како член на УП на Акдемија е некој од судиите, односно обвинителите коишто се избрани. Во таа насока има различно толкување, различно стојалиште на тоа што е исправно, дали навистина член на судски Совет, може да биде и во УО. Јас секогаш сум бил приврзаник да нема концентрација на моќ“, вели министерот за правда, Тупанчевски.

Тензичната седница на судскиот Совет на која и Герсимовски стана член на УО во Академија беше последна под раководство на Павлина Црвенковска. Таа вчера си поднесе оставка со образлжение дека судско-бизнис елита работела против неа. Тупанчевски со коментар, ваквите сериозни обвинувања на Црвенковска треба да не загрижат сите.

„Ова е изборна година во правосудството и она што ќе се случува, ќе има консеквенци во наредните четири години. Со нејзината оставка, имаше коментар којшто сите треба да нè загрижи. Коментар на нејзиниот коментар е дека добро ќе биде ако она што го тврди во официјална изјава, да го пријави во институциите“, додава Тупанчевски.

Во понеделник ќе се бира наследник на Црвенковска. Извори на Телма велат дека фаворит за прв човек во Судскиот совет е Весна Дамева, која пред да стане член беше стручен соработник на Добрила Кацарска, додека таа беше судика во Кривичен. Дамева била и во правната комисија на СДСМ.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе