Вести Македонија

По булингот во Градско: MOН осудува секакво насилство, стручната училишна служба треба да го заштити интересот на учениците

Министерството за образование и наука осудува секакво насилство во и надвор од училиштата и во таа насока, заедно со Министерството за внатрешни работи, единиците на локалните самоуправи, училиштата, странските партнери, граѓанските организации,  во континуитет работи на подигнување на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и надминување на конфликти без насилство.

-Бројни заеднички проекти, како проектите за интегрирано образование со превентивен карактер, придонесуваат за исполнување на приоритетите содржани во рамки на стратешките владини документи кои имаат за цел  спречување на секаков вид насилство, развивајќи пријатна и стимулативна училишна клима и соживот во училиштата, велат од МОН

Една од поважните активности спроведена во оваа насока во изминатиот период е измената на законската регулатива и прецизирање на постапувањето при детекција на случаи на насилство врз ученици.

Информираме дека Законот за основното образование кој е усвоен во 2019 година, го дефинира следното:

–        Во член 5 е уредено дека вработените во основните училишта се должни да промовираат еднаквост меѓу сите ученици и активно да се спротивставуваат на сите облици на дискриминација и насилство.

– Училиштата се должни во годишните програми за работа да планираат и програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација. Активностите се остваруваат низ различни наставни и воннаставни активности со учениците, вработените, родителите, односно старателите на децата во соработка со општините, согласно утврдените потреби од страна на училишниот одбор, советот на општината или Педагошката служба. Меѓу активностите треба да се предвидат работилници за подобрување на менталното здравје на учениците, за подобрување на комуникацијата, за препознавање и спречување на булинг и слично.

Понатаму, во член 65-а е утврдено дека директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител односно старател, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните институции утврдени со закон. Постапката за пријавување и заштита на ученик-жртва на било која од формите на насилство,злоупотреба и занемарување се утврдуваат со подзаконски акт – упатство, предложен од БРО, а донесен од министер.

Со Упатството се уредуваат видовите на насилство, начинот на пријавување и постапување од страна на училиштата. Составен дел од Упатството се Формулар за евиденција на насилството и Формулар за план за заштита на жртвата од насилство.

-Стручната служба во училиштата е должна да постапува и да го заштити интересот на ученикот. Понатаму, информираме и дека постои програма за психолошко советување на родители на ученици и на самите ученици кои во одредени периоди за време на училишниот престој, односно во текот на воспитно образовниот процес покажуваат извесни форми на несоодветно однесување за нивната возраст, иницирале или пак доживеале одредена форма на насилство, драстично го намалиле просечниот успех во учењето и слично, реагираат од Министерството за образование и наука.

Сите одредби со кои се зајакнува превенцијата од насилство, ќе бидат дел и од новиот Закон за средно образование кој е во фаза на изработка. Во меѓувреме, секако средните училишта исто така во своите програми за работа предвидуваат активности за подобрување на менталното здравје на учениците, за подобрување на комуникацијата, за препознавање и спречување на булинг и слично.

Ученик во Градско-жртва на булинг, надлежните не знаат како да се справат со училишното насилство и да помогнат на жртвата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе