Вести Македонија Топ вести

Ученик во Градско-жртва на булинг, надлежните не знаат како да се справат со училишното насилство и да помогнат на жртвата

Деветооделенец од ООУ„Даме Груев“ во Градско бил жртва на булинг и малтретирање од двајца соученици подолг период, а жртвата три недели не оди на училиште, објави веб медиумот duma.mk. 

Насилниците според сведочењето на таткото долго време го малтретирале неговиот син, му го искинале долниот веш во два наврати, го влечеле по ходник. Откако е пријавено, училиштето ветило помош, но засега виновниците се уште одат во истото школо, а жртвата од срам и страв седи дома.

-Моето 14,5 годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11-ти ноември годинава, дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници, ние како родители не знаевме дека двајца соученици, од неговиот клас, и претходно му го искинале долниот веш, му удирале фиски по главата за да седи со свиткан `рбет на часовите за да не им го затвора видикот во училницата, му го уништувале училишниот прибор или му го фрлале низ училишниот прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам. Чашата ја прели последниот настан со кинењето на долниот веш. Јас отидов во училиштето. Разговарав со класниот раководител Благој Ристов и со директорката Таца Дукова. Тие ми кажаа дека веднаш ќе превземат мерки и ја спомнуваа педагошката мерка на преместување на двајцата соученици, кои што го малтретирале моето дете, во подрачното училиште во село Виничани. Потоа, по два дена, ме известија дека ќе ги преместат само во соседната училница. Тоа е причина што мојот син не оди веќе трета недела на училиште, рече родителот И.Т.

Повеќе за млаката реакција на надлежните од училиштето, центарот за социјални работи обвинителството и полицијата во сторијата на “Дума”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе