Вести Култура

Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј сами да си го поправат кровот, велат од СОЗР

Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј да си го поправат кровот на зградата што ја делат зашто СОЗР не е надлежна за тоа. Oвa e одговорот од Службата за општи и заеднички работи при Владата, по дописот испратен до нив од Уставниот суд, во врска со небезбедните услови за работа, по протекувањето вода  во канцелариитe од минатомесечните дождови.

Ве известуваме дека од 01.01.2016 година, согласно одлуките на Владата од 2015  година за доделување на трајно користење на недвижни ствари на наведените институции, поточно на објектот за кој станува збор во Вашите прашања, Службата нема надлежност, ниту обврска за тековно одржување на објектот, туку таа обврска паѓа исклучиво на институциите кои се корисници на самиот објект, тврдат од созр.

 Како што дознава Телма, во дописот до СОЗР од Уставниот суд навеле дека водата стигнала до ѕидовите во две канцеларии, бил направен одрон и краток спој, а по извршениот  увид, инспекцијата констатирала дека е потребно да се изолира кровот. Тој требаше да се санира за време на мандатот на претходниот директор на Архивот, но тоа не се случи. Од Владата кажаа дека проблемот ќе биде разгледан кога ќе се создадат услови за тоа зашто по пандемијата,  сега се фокусирани на справување со економската и енергетската криза. А, евроамбасадор Гир при денешната средба со претседателката на Уставен, Кацарска, изрази уверување дека овој суд ќе биде централна институција  во реформскиот процес, во пристапните преговори за ЕУ.

Знам дека работите многу за да го одржите Уставниот суд дисциплиниран, транспарентен и да го одржите квалитетот на работата на многу високо ниво, вели евроамбасадорот гир.

Уставен користи два ката од зградата , под Државниот архив, кој има исто така два ката, веднаш под кровот на објектот.Директорот на Архивот минатата недела изјави дека кај нив при врнежите не била направена штета, туку во Уставен и во Археолошкиот музеј, од каде демантираа. Трите институции за чистење на олуците неодамна потрошиле вкупно 180 000 денари.

Објектот беше пуштен во употреба 2014 година, а за изградбата беа потрошени 42 милиони евра. Од Здружението за заштита на културното наследство  во опасност „ Син штит“, рекоа дека пред проектирањето на објектите на Вардар не е направена евалуација за можни кризи и несреќи.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе