Вести Македонија Топ вести

Студентите со апел до пратениците – последен ден од рокот за поднесување на амандмани на Буџетот

Студентскиот отпор упатува апел до сите Пратенички групи во Собранието на Република Македонија, како последен ден од рокот за поднесување на амандмани на Буџетот за 2023 година да се излезе во пресрет на студентите и да се зголемат средствата што ги предвиделе од МОН.

Имено во предлог-буџетот за 2023 година, забележуваме значително намалување и тоа во ставката наменета за “ученички стандард” за 19,72%, ставката за “студентски стандард” намалена за 17,96%, ставката наменета за “наука” намалена за 30,87% и ставката наменета за “инвестиции во образованието” намалена за 17,24%. Особено сме загрижени од намалувањето на предвидените средства во однос на 2022 година за “изградба и реконструкција на студентски домови” за 31% и “енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови” за дури 46%, велат од Студентскиот отпор.

Од Студентскиот отпор, бараат пратеничките групи да поднесат амандмани со кои се предвидува зголемување на овие ставки и да се престане со штедење и намалување на средства кои се директно на штета на младите луѓе во Република Македонија.

Со марш од владата до МОН студентите ги продолжуваат протестите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе