Вести Македонија

Жетвата на оризот заврши, Кочанско поле повторно во пламен

По жетвата на оризот, Кочанско поле повторно во пламен. Стрништата се оставаат во текот на ноќните часови неконтролирано да горат. Старите земјоделски навики продолжуваат и покрај бројните апели на пожарникарите, но според оризопроизводителите ова е единствениот начин да ги исчистат нивите и да ги подготват за нова сеидба.

Информирани се за новите медоти за подготовка на нивите пред жетва, но велат немаат пари да купат машини.

Земјоделските експерти апелираат да се користат новите методи, наместо да се палат страништата, но се согласни дека земјоделците немаат современи машини кои се скапи.

Додека оризопроизводители ги палат стрништата, пожарникарите секојдневно се на терен, во овој период 80 отсто од пожарите се на отворено, но алармираат дека додека сите сили, возила и опрема им се низ нивите може да се случи да не можат навреме да пристигнат на опожарен објект во градот Кочани.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе