Вести Македонија Топ вести

Тешката финансиска состојба не треба да ги спречува граѓаните да побараат правна помош

Мајка на две малолетни деца, жртва на семејно насилство, побарала бесплатна правна помош за да се спаси од сопругот насилник. Ова е еден од многуте случаи во кои граѓани во тешка материјална состојба побарале и добиле правна помош во подрачните оделенија на Министерството за правда, за да поведат судски постапки без трошоци.

Кобурова објаснува дека секојдневно добиваат барања од граѓани за примарна и секундарна правна помош. Примарната помош се состои во правни совети, информации и насоки кои ги даваат подрачните одделенија на Министерството за правда и овластени здруженија и клиники. Секундарна правна помош, која подразбира бесплатен адвокат, но и ослободување за дел од трошоците неопходни за граѓански и управни постапки и спорови.

Целта е еднаков пристап до правдата за сите граѓани. И оние во тешка финансиска состојба за да можат да си ги заштитат своите права.

Министерството за правда најавува измени на законот за да се надминат досега детектираните слабости и недостатоци. Ќе се проширува опсегот на правни прашања за кои ќе се одобрува секундарна правна помош.

Се предвидува правната помош пред нотар да се прошири и во постапките за издавање на нотарски платни налози, за што е задолжително учеството на адвокатот, но и во сферата на извршувањето.

Опфатот би се зголемил и на одредени правни прашања кои досега беа исклучени од актуелниот закон. Тоа се споровите за пропишаните јавни и комунални услуги (струја, парно, вода итн.)  што ги оставаше овие лица без можност да ги оспорат, често неправилно пресметаните фактури, што пак ги ставаше во натамошен ризик за сиромаштија.  Исто така и за имотните прашања во управна постапка, како на пример легализација на бесправно изградени објекти, купување на земјиште под станбената единица, како и постапки за експропријација и други, соопштуваат од министерството за правда.

Лани за речиси 300% е зголемен бројот на граѓани кои примиле примарна помош во подрачните одделенија на Министерството за правда во споредба со 2019 година, а за 125 отсто се зголемиле одобрените барања за секундарна помош. Овие податоци ги објави министетрот за правда на конференцијата посветена на бесплатанта правна помош на Денот на европската правда кој се одбележува на 25 октомври.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Дејан Дејан

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Дејан Дејан

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе