Вести Емисии Код Македонија

КОД: Има ли политичка волја да се спречат ризиците за јавното здравје пред зимското производство на струја и топлина од мазут и отпад

Претстојната зима и енергетската криза носат и еколошки предизвици, како ефикасно да се заштити здравјето на граѓаните бидејќи се поочигледно е дека производството на струја и на топлинска енергија ќе се одвива по секоја цена.

Дали и колку ќе се користи мазут и дрвен отпад за загревање, и колку тоа ќе влијае на здравјето и на животната средина – тоа е тема на вечерашната емисија КОД. (текстот продолжува по видеото).

Според статистиката на Европската Унија, лани во државата починале 3.365 граѓани чија смрт е последица или е поврзана со загадениот воздух.

Секоја 5-та смрт (20,6 %) лани била поврзана со загадениот воздух. Тоа е речиси двојно повеќе од европскиот просек (11, 59%). Загадениот воздух со години после крадио-васкуларните болеси е втора најчеста причина за умирање на македонските граѓани.

-Вас ве интересираат тие бројки, но тие што треба да се грижат воопшто не ги допира, вели Драган Ѓорѓев од Институт за јавно здравје.

Короната малку ја поремети структурата на ваквиот црн биланс. Загадувањето најмногу доаѓа од употребата на дрва за греење и неквалитетни материјали за производство на топлинска и електрична енергија.

По интензивната замена на дрва со инвертери и замена на мазут со гас за топланите и централите, бројката почна да опаѓа. Но сега претстои нов ризик доколку не се одигра паметно во битка за енергијата која зиме се троши двојно повеќе. Односно ако не се набави гас за скопските топлани тогаш главниот град ќе мора да се грее на мазут.

И тука е проблемот, според оперативниот план за работа на топланите со гас, граничниот праг за дозволено загадување е десетици пати понизок отколку кога се користи мазут.

Дополнителен проблем е кога топланите се префрлиле на гас, почнале да вградуваат филтери за помало загадување, а сега доколку се вратат на мазут ќе треба да бараат А-интегрирани еколошки дозволи за што се потребни многу вложувања, а има премалку време.

-Сега зависи од политичка воља дали ќе се дозволи или не, а на тој начин ако се користат ќе се потруеме, вели Ана Петровска, поранешен директор на Инспекторатот за животна средина.

Миомир Серафиновиќ

Во денешното издание, КОД ви открива кои три дена во годината се користи најмногу струја, колку струја ѝ недостасува на Македонија од домашното производство и дали се возможни сегашните енергетски решенија за зимата која доаѓа кои ги преддлага власта и опозцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Вреди“ тврдат дека ДУИ повикува на тивок бојкот за претседателските избори

Дејан Дејан

Штип одбележува годишнина од смртта на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе