Вести Македонија Топ вести

Уште една центарска барака мистериозно стопена во пожар

Оган и чад сред скопски Центар брзо и лесно ја проголтаа бараката, која стои осамена помеѓу нови згради и заѕидани објекти. Покривот се топеше, а конструкцијата остана да сведочи дека ова некогаш било функционален објект. Сега бараката е напуштена, а во неа често седеле бездомни лица. Тоа им било пријавено на скопските пожарникари кои за среќа не пронашле никој внатре, веднаш штом влегле да интервенираат. Од скопската пожарна не сакаат да дадат првични претпоставки – што би можело да биде причина за огнот.

  • Затекнат е пожар во разгорена фаза. Брзо е интервенирано, направено е секторирање на објектот и пресечено е ширењето на пожарот кон соседниот објект. Останатиот дел е изгаснат брзо и ефикасно. Интервенирано е со шест противпожарни возила и дваесет пожарникари. Станува збор за дел од напуштен објект. Дел порано биле работни простории. Нам нѝ беше кажано дека тука престојувале бездомни лица. Пребаран беше објектот и од она што можеме првично да најдеме, немаше лица внатре, нема повредени што е најважно во целата интервенција. Брза и успешна интервенција е реализирана од колегите.“, изјави Ѕвонко Томески – Командир на Противпожарната бригада на Град Скопје

До местото каде што гореше пожарот има градилиште што особено ја отежнало работата на пожарникарите кои се снашле и успеале да спасат дуќан кој е веднаш до бараката, а неоштетена е и соседната зграда. Ова е фреквентна локација и многу очевидци просведочија за целата интервенција.

  • Дојдов до тука, потоа и полицијата дојде и ја запреа крстосницата. Дојде и пожарната. И еве тука сум цело време.“

За пожарникарските екипи стигна пофалба од првиот човек на Општина Центар, кој вети дека ќе се проверат и детали за самото земјиште на коешто се наоѓа напуштената барака.

  • Сакам да се заблагодарам на пожарникарските екипи за нивната брза реакција. Пожарот е локализиран и целосно изгаснат. Во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации околу тоа чиво е земјиштето. За настанокот на самиот пожар, по направениот увид во МВР, ќе бидете известени.“, изјави градоначалникот на Центар, Герасимовски. 

Теренот сега се расчистува од остатоците по пожарот, па ќе се прибираат докази и ќе се трага по причините за неговото настанување. Ова е уште еден од пожарите обвиткани во мистерија, коишто се случија во скопски Центар. На јавноста ѝ е познато дека досега неколкупати гореа бараки во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Лани се запалија и бараки на ЈП „Улици и патишта“ во строгиот центар на Скопје, зад трговскиот центар „Буњаковец“, а гореше и поранешниот објект на Судот за прекршоци во Градски парк.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе