Вести Македонија Топ вести

Несудениот уставен судија Воислав Димовски доби обвинение за застарени предмети

Се пријави во трката за уставен судија, но не доби поддршка од владејачкото мнозинство во Комисијата за избори и именувања. Затоа, пак, екс обвинителот, Воислав Димовски денеска доби обвинение поради застарување на 14 предмети.

  • Јавно обвинителство: Против Димовски беше отворена дисциплинска постапка, но тој на некој начин ги претекна и претходно побара сам да си замине од обвинителството. Советот на јавни обвинители пред два месеци му го прифати барањето и му констатираше престанок на функцијата.

Тој беше еден од шестмината кандидати за уставни судии предложени од ВМРО ДПМНЕ. Ниту еден не ја доби мнозинската поддршка, за разлика од предлозите на СДСМ, што предизвика револт кај опозицијата и одолговлекување на изборот со маратонски говори. Минатата недела, пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска зборуваше цели десет часа, без да добие пауза од претседателката на Комисијата, која, пак, ја тестира нивната издржливост.

Со дискусијата, пратеничката Стаменковска постави и рекорд. Ова е првпат некој активно да дискутира 10 часа. Тактиката пред десетина години ја примени екс пратеникот Спиро Мавровски, кој цела ноќ на седница ја читаше владината програма, а познат е и случајот со актуелниот спикер,  Талат Џафери, кој како пратеник на тогашната опозиција дискутираше повеќе часови, читаше поезија и повремено молчеше.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе