Вести Македонија Топ вести

Суткоз: Тортура врз вработените во скопски водовод од страна на новиот в.д директор

Дел од вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје утрово од новото раководство на јавното претпријатие добиле прераспределувања на работните места со задолженија без право на приговор и без право на жалба што е спротивно и на законот и на колективниот договор и на Уставот на државата реагираат од Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва.

Од таму додаваат дека новиот в.д директор кој е нивен досегашен колега веднаш започнал со тортура, освета и притисок од само нему познати причини. Од синдикатот информираат дека веќе се поднесени пријави до државниот инспекторат за труд и се разгледува можноста за штрајк со една цел, зачувување на работните места и спречување на самоволието на новиот в.д директор.

Од КСОМ пак побараа средба со градоначалничката за решавање на проблемот околу најавата дека на стотина ангажирани во водовод со договор за дело нема да им го продолжи договорот и доколку не се реши проблемот најавуваат блокада на Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе