Вести Македонија Топ вести

Османи со нов термин-еднонационален референдум, Левица со кривична бара затвор за Џафери

Референдум за Договорот со Бугарија е недозволив. Ова е ставот на министерот за надворешни работи, кој денеска употреби и нов термин, еднонационален референдум, како аргумент плус за да се оспори каква било граѓанска иницијатива за ова прашање.

Рeферендум за Договорот со Бугарија не може и не смее да има. Еднонационален референдум за стратешки прашања за државата би биле опасен преседан, изјави Османи.

Од ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат чија било иницијатива за референдум против Договорот со Бугарија.

Ќе поддржиме иницијатива од кого било, а ко тоа помогне да се раскине овој штетен договор, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски.

Додека го смислуваат референдумското прашање, од Левица му поднесоа кривична пријава на Џафери, за дело за кое се лежи и во затвор.

Пријавениот се терети дека, намерно и со умисла, преку противуставното, противзаконското и противделовничкото одбивање на уредната граѓанска иницијатива – поднесена од страна на група од 646 граѓани, на пропишаниот образец од страна на Државната изборна комисија – сторил тешко кривично дело против изборниот систем – „Спречување на избори и гласање“, казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена минимална затворска казна од најмалку три години, стои во пријавата.

Засега се знае само дека новото референдумско прашање ќе биде во прашална форма и со изјаснување „против“. Не е исклучено, во него, покрај за Договорот со Бугарија, од граѓаните да се бара да се изјаснат и против францускиот предлог.  Доколку биде одбиена и оваа иницијатива, опозицијата најавува целосна блокада на Собранието.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе