Вести Македонија

Финансии за изградба на штипската болница ќе обезбеди државата

Пари за изградба на новата штипска Клиничка болница засега државата сама ќе обезбедува. Нема пролонгрирање на рокот за реализирање на првата фаза до декември годинава.  Во одговорот од министерството за здравство  не прецизирале од каде ќе се обезбедат средства, но  со последниот ребаланс на буџетот планираните близу девет милиони евра средствата се скратени на два милиони евра, што речиси целосно ќе се обезбедат од државниот буџет. Според министерството градежните  работи напредуваат и реализација на објекот е околу 40 %.

  • „Земјените работи за прва фаза се комплетно завршени, исто како и бетонските работи. Поставени се прозорци, речиси комплетно е завршена фасадата. Во завршна фаза се внатрешните ѕидови и поставувањето на канализационата и водоводната инсталација. Донесени се трансформаторите и голем дел од клима коморите, а паралелно се работи и на поставување на вентилацијата и електричната инсталација“, велат од Министерството за здравство.

Се чека на завршување и на бункерот за акцелераторот во Штип. Го гради истата фирма, а од  2014 до денеска градежните работи  се стигна до поставување  плочките на подот.

  • „Се работи на завршните градежно-занаетчиски работи (поставување на плочки и подови).  Исто така  се усогласуваат  завршните работи со техничките  барања на производителот на опремата“ велат од  Министерството за здравство.

За изградбата на штипската Клиничка болница недостасуваа над 14 милиони евра, а граѓаните на источниот и југоисточниот регион ја чекаат веќе девет години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе