Вести Македонија Топ вести

Матарела: Европа никогаш нема да биде целосна без пристапувањето на Западниот Балкан

Со потсетување дека Македонија и Бугарија се повикани да преземат обврска за развивање на искрен дијалог, со почитување, за да ги надминат недоразбирањата од минатото, претседателот на Италија, Серџо Матарела, им се обрати денеска на државниот и политички врв на државава во македонското собрание, но со јасна порака дека тој процес мора да се води со целосно почитување на нивните култури и идентитети. Матарела притоа беше конкретен околу посебноста на македонските идентитетски обележја.

Матарела кој е прв италијански претседател кој ја посетил земјава по пауза од 23 години, пред македонската јавност денеска порача и дека Европа никогаш нема да биде целосна без пристапувањето на Западниот Балкан во Европската унија. Местото на Македонија е во ЕУ, беше дециден италијанскиот претседател, кој притоа ја пофали македонската истрајност на тој пат и храброст во носење на одлуки и решавање на спорови преку дијалог. Матарела побра и другите балкански држави да го следат македонскиот пример во помирувањето со своето минатото и решавњето на споровите.

Пред да се обрати од Собранието Матарела имаше и тет-а-тет средба и со македонскиот претседател, Стево Пендаровски, кој лично му се заблагодарил за поддршката која Италија и ја дава на земјава за членство во ЕУ. Сепак Пендаровски пред италијанскиот колега упати и порака на очекување од ЕУ околу интеграцијата на Западниот Балкан, за која рече дека со години не била политички приоритете на Унијата.

Јас се надевам дека новиот фокус на ЕУ кон Западниот Балкан не е само поради ургентноста на ситуацијата со руската инвазија во Украина, туку ќе биде од траен карактер ,затоа што на Балканот во Брисел не би требало да се сеќаваат само кога има големи проблеми како што беше во 2015 и 2016 година – огромната мигрантска криза“, рече Пендаровски.

Пендаровски од италијанскиот претседател освен политичка поддршка евроинтеграциите, побарал поддршка од Италија и за справување со последиците од енергетската криза преку пристап до механизмите и инстурментите кои Унијата ќе ги изготви за земјите членки.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе