Вести Македонија

Собранието ги усвои предлог-стратегијата за родова еднаквост и предлог законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство

Собранието на денешната 50. седница ја усвои Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година, како и Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

„За“ Предлог-стратегијата за родова еднаквост гласаа 60 пратеници и немаше ниту еден „против“ или „воздржан“.

По усвојувањето на оваа Предлог-стратегија, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски процедурално упати забелешки до собранискиот претседател Талат Џафери заради тоа што претходно, за време на 82. седница, не се гласаше за дополнетиот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

– Оваа точка пред самото гласање ја тргнавте од дневен ред. Точката ги исполнува сите услови денеска да се гласаше. Се работи за Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, каде што сите општини во државата ќе можат, доколку се изгласа ова законско решение, повратното ДДВ од 3,5 отсто да се зголеми на секоја единица на локална самоуправа и да дојде до 5 проценти. За жал, вие сакате оваа точка да не се изгласа и единиците на локалната смаоуправа и градоначалниците да добиваат помалку средства, рече Мицевски.

Поради тоа, Мицевски побара еден час пауза. Спикерот Џафери не дозволи пауза одговарајќи дека во текот на денот ќе се вратат повторно на 82. седница, каде на дневен ред ќе биде и оваа точка.

Пратеникот Јован Митревски од СДСМ процедурално посочи дека Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа е навистина важен, а е блокиран две години од страна на Комисијата за финансирање и буџети. Тој посочи оти нивниот став е идентичен, а тоа е дека ќе го поддржат овој закон, бидејќи е важен за граѓаните, но најпрвин да завршат со оваа седница.

Собранието продолжува со седницата по пауза од еден час.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе